Совет на општина Струмица
Бр.08 – 2464/1
08.04.2025 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на педесеттата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам педесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.04.2025 година (вторник).
Педесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 49-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на јавен превоз на лица со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица во Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за давање на користење деловни простории на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Стојан Трајков од с.Баница;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Иса Демиров од с.Банско;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Славе Дунгевски од с.Добрејци;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Верица Георгиева од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Мирјана Филева од Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 36-5, од Детален Урбанистички план за Блок 36 и дел од Блок 37, касарна, “11 Октомври”, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување нацрт план за Детален урбанистички план за дел од Блок 8, Општина Струмица, плански опфат помеѓу ул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“ и граница на зона со намени КО од ГУП за град Струмица (Граница на катастарска парцела 107/1), плански период 2024-2029;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година
- 16.Предлог – Програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2025 година;
- Барање согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица
- Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Гоце Делчев” с.Вељуса;
- Измена на Годишен план за вработување за 2025 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица;
- Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година;
- Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2024 година;
- Извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2024 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2024 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски