ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СТРУМИЦА – ТВОЈАТА ВРСКА СО СЕКОЈДНЕВИЕТО!

ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СТРУМИЦА – ТВОЈАТА ВРСКА СО СЕКОЈДНЕВИЕТО!

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Полесно, побрзо и поорганизирано патување – веќе е достапно за сите нас!

Потсетуваме дека Општина Струмица, преку „Струмица Транспорт“, има воспоставено детализирана мапа и распоред на автобуски линии кои секојдневно ги поврзуваат урбаните и руралните делови на општината.

На мапата се обележани сите постојки, со јасни и лесно разбирливи ознаки.
️Линиите водат кон: училиштата • здравствените установи • центарот на градот и населени места

ЗОШТО ДА ГО ИСКОРИСТИШ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ?

✔️ Јасна навигација
✔️ Подобра поврзаност
✔️ Удобно, безбедно и економично патување

 

 

ЛИНИЈА 1 – Вељуса ↔ Градско Балдовци

Линија 1 ги поврзува Вељуса, Водоча и Баница со центарот на Струмица и индустриската зона кај Градско Балдовци. Превозот се одвива во два правци – кон градот и назад – со редовни термини во текот на целиот ден. Линијата е наменета за секојдневен превоз на ученици, вработени и локални жители.

 

 

ЛИНИЈА 2 – Струмица ↔ Просениково

Линија 2 ја поврзува Струмица со  Просениково, овозможувајќи редовен превоз за жителите на ова населено место. Линијата минува низ центарот на градот, како и низ клучни населби и објекти. Се користи од ученици, работници и мештани за секојдневно патување до градот и назад.

ЛИНИЈА 3 – Струмица ↔ Куклиш ↔ Банско

Линија 3 ги поврзува населените места Куклиш и Бањско со Струмица, овозможувајќи лесен пристап до градот за жителите на овие села. Се користи за секојдневни потреби како училиште, работа, здравствени и административни услуги.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЛИНИЈА 4 – Струмица – Дабиле – Муртино – Банско

Линија 4 е погодна за патување до бањите и околните населени села, особено во делот на Дабиле и Бањско. Патниците имаат удобна можност за поврзување со централните и административните зони на Струмица.

 

ЛИНИЈА 4A – Струмица ↔ Сачево

Оваа линија воспоставува поврзаност меѓу централниот дел на Струмица и населено место Сачево. Патувањата се одвиваат во повеќе термини низ денот, со редовни застанувања на клучни локации како Автобаза, Монополо, Есперанто и други, овозможувајќи пристапност и практичност за секојдневните патници.

 

 

ЛИНИЈА 5 – Градска кружна линија

Оваа линија претставува кружен градски превоз кој ги поврзува сите значајни точки во градот – училишта, институции, болници и станбени населби. Совршен избор за брз и организиран градски превоз во текот на целиот ден.

 

 

ЛИНИЈА 6 – Струмица – Раборци – Костурино

Линија 6 нуди поврзување на селото Костурино со центарот на градот. Идеална е за редовен превоз на жители кои имаат обврски во образованието, работата или за секојдневни активности во Струмица.

 

ЛИНИЈА 7  – (Викенд и Празници)

Линија 7 ја поврзува Вељуса со Струмица, Дабиље, Муртино и завршува во познатото село Банско. Предвидена за викенди и празници, оваа линија им овозможува на граѓаните полесен пристап до нашиот туризам, рекреација и посети на блиските села.

ЛИНИЈА 8 – КОСТУРИНО ↔ СТРУМИЦА ПРОСЕНИКОВО ( САБОТА)

Линија бр. 8 е дел од јавниот превоз на Општина Струмица и сообраќа секоја сабота на релација Костурино – Струмица – Просениково и обратно. Автобусот поаѓа три пати дневно во двете насоки и застанува на повеќе станици низ градот и околните населени места.

 

 

 

ЛИНИЈА 5  – ГРАДСКА КРУЖНА ЛИНИЈА (ВИКЕНД И ПРАЗНИЦИ)

Градската кружна линија функционира и за време на викендите, овозможувајќи редовен превоз до важни локации низ Струмица. Таа е особено корисна за граѓаните кои патуваат до пазар, центар, здравствени установи или други јавни простори за време на слободните денови.

 

НОВ СУБВЕНЦИОНИРАН ЦЕНОВНИК ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СТРУМИЦА!

Од 1 јануари 2025 година, благодарение на поддршката од Општина Струмица, цените на автобускиот превоз се значително намалени!

Граѓаните ќе плаќаат само половина од реалната цена, а останатото го покрива општината.

Примери:
Едно возење: 30 ден.
Месечен билет за сите: 1.400 ден.
‍ Ученици и студенти: 500 ден. месечно
Пензионери: 700 ден. месечно
Колективни месечни билети: 1.200 ден.
Годишен билет: 13.400 ден.

Важи за сите линии и зони во рамките на „Струмица Транспорт“.
Подетални информации на сликата во прилог.

Каде можеш да купиш билет?

Билетите за јавниот превоз можат да се набават на неколку начини:

✔️ директно во автобусите
✔️ во просториите на „Струмица Транспорт“
✔️ во Општина Струмица – канцеларија на Систем 48

Избери што ти е најзгодно и патувај удобно и поевтино!