Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-8426/1, 21.10.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам петнаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.10.2022 година (петок).
Петнаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот
За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 14-та седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за отстапување на товарни моторни возила на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица;
2. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект на Хуманитарно здружение ДИЈАКОНИЈА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Струмица;
3. Предлог – Одлука за пренесување на користењето и управувањето со фекалниот канализационен систем за с.Банско и фекалниот канализационен систем за с.Вељуса;
4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Татјана Петрова од Струмица;
5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Евгенија Иљачева од с.Рич;
6. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на дел од КП бр. 7151/1 и дел од КП бр. 8018/1, КО Струмица;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7146/1, КО Струмица;
8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намена за КП бр.5215/2 во КО Струмица (УП1 бр.20-1001);
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намена за КП 5215/2 во КО Струмица (УП1 бр.20-1523);
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намена за КП 5215/1 и КП 5215/2 во КО Струмица;
11. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на дел од КПбр.6366/1 и КПбр.5214/2 КО Струмица;
12. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на дел од КПбр.5215/2 и КПбр.6366/1 КО Струмица;
13. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5215/2 КО Струмица (УП бр.20-3132);
14. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација – спојување на градежни парцели формирани од КП4223/1, КП4223/2, и КП4224, КО Струмица, во ДУП за Блок 19, Општина Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.25; ГП 1.26 и ГП 1.27 од ДУП блок 19, УЕ 2, Општина Струмица;
16. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
17. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
18. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2022 година;
19. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
20. Предлог – Правилник за измена на Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната општинска награда „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“;
21. Извештај за работата на ЈПКД “Комуналец” Струмица за период I-VI месец 2022 година;
22. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
23. Информација за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Струмица за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски