Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 -639/1
    01.02.2024 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на триесет и четвртата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 08.02.2024 година (четврток).

               Триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записниците од 32-та и 33-та седница на Советот на општина Струмица

II

За работата на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог –  Решение за верификација на  мандат на член на Советот на Општина Струмица;
  2. Предлог-Решение за разрешување и избор на   член на  Верификациона комисија;
  1. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на  Комисија за мандатни прашања, избори  и именувања;
  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2023 година;
  2. Ценовник за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
  3. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица “ Струмица за 2024 година;
  4. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта – Струмица “ Струмица за 2024 година;
  5. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
  6. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица.

 

 

                                                                            Совет на општина Струмица

          Претсeдател,

           Марjан Даскаловски