Решение за свикување триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица,

Бр.08 -2812 /1, 15.05.2020 год., Струмица

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и петтата   седница на Советот на општина Струмица за ден 22.05.2020  година (петок).

Триесет и петтата  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата  предлагам :

I

               Усвојување на записниците од 33 и 34 седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2020 година;
  2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на  Буџетот на општина Струмица за  2020 година;
  3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
  4. Предлог – Програма за измена на Програмата за активности  во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
  5. Предлог-Програма измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2020 година;
  6. Предлог-Програма измена на Програмата за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2020 година;
  7. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2020 година;
  8. Предлог- Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
  9. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на деловни простории на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија;
  10. Предлог – Одлука за усвојување на Урбана ревизија на Општина Струмица;
  11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година; и
  12. Предлог-Одлука за усвојување на Оперативен план за справување  со коронавирусот „Ковид 19” на подрачјето  на Општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски