Градоначалникот Коста Јаневски им го честита Денот на пожарникарите

Градоначалникот Коста Јаневски им го честита Денот на пожарникарите

Почитувани пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Струмица

Денешниов ден – 20 Мај во нашава земја традиционално се одбележува како Ден на пожарникарите.

Овој ден е Ваш ден, а во чест на вашата исклучително значајна професија. Сите дејности имаат свои специфики, но во пожарникарството се собрани пожртвуваноста, храброста, хуманоста, професионалноста, одговорноста, и редица други кои ја прават вашата професија една од најважните во нашата заедница, но и во општеството.

Вашата грижа за имотот на граѓаните, општината и татковината и борбата со пожарите, е нешто кои заслужуваат внимание и исклучителна почит од сите нас.

Горд сум на Вас и на сите Ваши херојски подвизи. Бидете и Вие горди на себе и на својата професија.

Вие заслужувате услови за работа по мерка на професијата и вистинска валоризација на вашиот труд. Тое е и ќе биде наш приоритет во работењето. Бидете живи и здрави и нека ви е честит и вековит Денот на пожарникарите.