Се одржаа Отворени забавни фудбалски школи“ во Струмица

Се одржаа Отворени забавни фудбалски школи“ во Струмица

Денес во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“, во организација на Cross Cultures Project Association (CCPA) – Скопје, се одржаа овогодинешните, дваесет и втори по ред, традиционални „Отворени забавни фудбалски школи“ во Струмица.

На овој настан за првпат учество зедоа повеќе од 40 деца – ученици од  ООУ „Никола Вапцаров“, без разлика на полот, возраста и нивното претходно фудбалско знаење. Целта на овој проект е децата да се дружат низ разни забавни игри поврзани со фудбалот. И оваа година во „Отворени забавни фудбалски школи“ учествуваа и девојките од Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ кои ја имаа улогата на тренери. До крајот на годината ќе се одржи уште еден настан во рамките на овој проект, а активностите ќе продолжат и напролет. Проектот и годинава, по петнаесетти пат,  беше финансиран од Буџетот на Општина Струмица.