Се одржаа Јавни собири во Свидовица, Куклиш и Костурино

Се одржаа Јавни собири во Свидовица, Куклиш и Костурино

Јавните собири со граѓаните вчеравечер продолжија во населените места Свидовица, Куклиш и Костурино. Тимот од општина Струмица предводен од претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, со жителите од овие села разговараа за проблемите и нивните приоритети коишто треба да се реализираат во наредната буџетска година.

Со оваа практика, општина Струмица активно ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот за 2022 година. Јавните собири вечерва продолжуваат во населените места Рич и Попчево.