Се одржаа јавни собири во Сачево и Дабиле

Се одржаа јавни собири во Сачево и Дабиле

Градоначалникот Костадин Костадинов со својот тим составен од членови на Советот на општина Струмица, претставници на јавните претпријатија и општинската администрација, одржа Јавни собири со жителите на населените места Сачево и Дабиле.

На собирите се разговараше за потребите и приоритетите во овие населени места кои треба да се реализираат во следната буџетска година. Јавните собири вечерва продолжуваат во населените места Муртино, Банско и Габрово.