Се одржа втората сесија на на Буџетскиот форум во општина Струмица

Се одржа втората сесија на на Буџетскиот форум во општина Струмица

Во големата сала на Домот на АРМ вчеравечер се одржа втората сесија од Буџетскиот форум 2021/2022 година. Тековните и развојните програми и капитални инвестиции за новата буџетска година, пред учесниците на сесијата, ги презентираше градоначалникот Костадин Костадинов.

За остварените приходи во општинскиот буџет во 2021 година по разни основи и планираните приходи за 2022 година со осврт на главните промени, зборуваше Евгенија Граматикова, раководител на Одделението за буџетска координација во општина Струмица. Во рамките на Буџетскиот форум 2021/2022 ќе се одржат вкупно 5 форумски сесии. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.