Струмица е град кој секогаш во вакви прилики широко ги отвора своите порти на гостопримство, и секогаш на дело покажува дека е град-домаќин за пример.
Струмица и струмичани го сакаат шахот, и во разни периоди на своето постоење, овој наш град, и покрај разните подеми и падови, сепак остнувал доследен на својата љубов кон шаховската игра. Така е и денес кога Шаховскиот клуб „Цареви кули“, за релативно кус временски период од своето постоење, бележи континуиран растеж, за што зборуваат бројните успеси на државно ниво, но и афирмација на клубот и македонскиот шах и надвор од нашите граници.
Токму од тие причини „Цареви кули“ заслужи да биде клуб-соработник на Шаховската федерација на Македонија, во организацијата на ова Државно шаховско првенство за млади шахисти од 8 до 18 години, во машка и женска конкуренција.