Денеска се одржа првата конститутивна седница на Општински совет за социјална заштита кој има вкупно 21 членови, претставници на локални и државни институции и граѓански здруженија.
Овој Совет ќе ги следи, анализира и констатира состојбите во областа на социјалната заштита на локално ниво, ќе креира локални политики за задоволување на социјално-заштитните потреби на населението, ќе учествува во планирање мерки и активности за заштита од социјални ризици, како и превенција и надминување на социјалните проблеми што неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните. Членовите ќе изготват и социјален план за подрачјето на општината врз чија основа Градоначалникот ќе изготви годишна програма за социјална заштита која ја донесува Советот на општина Струмица.