Се одржа првата сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица

Се одржа првата сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов и граѓаните на Струмица го започнаа заедничкото планирање на буџетот за следната година. Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, се одржа првата сесија на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум  во општина Струмица 2021/2022 година.

На сесијата, граѓаните беа запознати со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на Општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година. Целта на Форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината. Струмица е прва општина којашто ги вклучи граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики и практики и единствена во државата која овој процес го уредува со посебен правен акт, составен дел на Статутот на Општината и истиот самостојно го организира и буџетира како процес кој се темели на применливи европски вредности и стандарди.