Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа 33-та седница на којашто беа донесени повеќе одлуки од областа на урбанизмот и работата на јавните општински претпријатија.
Советниците ги усвоија планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2024/2025 година, годишниот извештај за работа на Локалниот совет за превенција на Општина Струмица за 2023 година, одлуката за доделување парична помош на Славица Бусева од Струмица, а зелено светло дадоа и за проектот Патоказ за еко паметна Општина – Општина Струмица.
Поради отсуство од три седници по ред, а без известување за тоа, од член на Советот на општина Струмица беше разрешен Абдуљ Амедов.