Општина Струмица продолжува со својата силна заложба во сферата на родовата еднаквост. Денеска во Домот на Арм се одржа првата работилница за изготвување на Стратегија за родова еднаквост на општина Струмица (2022-2026). Учествуваа претставници од релевантни институции кои дадоа свој придонес во дефинирањето на стратешките цели кои ќе овозможат унапредување на еднаквите можности на мажите и жените во севкупното живеење во општина Струмица.
Целта на Стратегијата е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.
Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.