Градоначалникот Костадинов на здравствените работници им посака успешна работа во служба на граѓаните

Градоначалникот Костадинов на здравствените работници им посака успешна работа во служба на граѓаните

Градоначалникот Костадин Костадинов и членови на Советот на општина Струмица, присуствуваа на настанот кој по повод 7.Април – Светскиот ден на здравјето се одржа во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“.

Настанот се одржа во заедничка организација на здравствените работници од ЈЗУ „Здравен дом“ Струмица, волонтерите на Црвениот крст и учениците од медицинските струки во СОУ „Димитар Влахов“, а истиот беше отворен за сите граѓани на којшто се мереа крвен притисок, шеќер во крвта и висина и тежина.

Честитајќи им го Светскиот ден на здравјето, градоначалникот Костадинов на здравствените работници им посака успешна работа во служба на граѓаните.