Во населеното место Вељуса во тек е изградбата на фекална канализација во должина од 7 километри. Изведувач на работите е скопската фирма „Коп инженеринг“, а истите треба да завршат до крајот на оваа година. Со реализацијата на овој проект се решава голем проблем за жителите на ова населено место.
Се решава проблемот со фекалната канализација во Вељуса
