Во завршна фаза е проектот „Улица со шеталиште“ во Градско Балдовци

Во завршна фаза е проектот „Улица со шеталиште“ во Градско Балдовци

Општина Струмица ги подобрува условите за живот во населеното место Градско Балдовци. Во завршна фаза е реализацијата на проектот „Улица со шеталиште“. Поставени се 20 ЛЕД светилки на канделабри кои веќе се во функција, во тек е поплочувањето на тротоарот на кој ќе бидат ставени 16 клупи, по што ќе се изврши асфалтирање на улицата во должина од еден километар.