Се спроведе акција за генерално чистење во Банско

Се спроведе акција за генерално чистење во Банско

Пролетното чистење во општина Струмица продолжи и денеска. Екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги чистеа улиците и јавните површини во населеното место Банско.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги посети местата на коишто се спроведуваше акцијата и упати апел за поголема поддршка од граѓаните во одржувањето на јавната чистота во градот и населените места.