Градоначалникот Костадинов учествуваше на манифестацијата „Убави сме, свои сме“

Градоначалникот Костадинов учествуваше на манифестацијата „Убави сме, свои сме“

Градоначалникот Костадин Костадинов учествуваше на петтото издание на  манифестација „Убави сме свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Го имав задоволството да бидам учесник-придружник на првото издание на „Убави сме, свои сме“, а еве тоа задоволство го имам и на ова јубилејно, петто издание на  манифестацијата, која на задоволство на сите, а најмногу на оние на кои им е наменета, од година во година се повеќе добива на квалитет. Тоа што го прави Здружението „Вера“ го заслужуваат и лицата со даунов синдром, но и другите лица со попречености. Поради сево ова, Општина Струмица и јас како градоначалник, и во иднина ќе ја поддржуваме оваа манифестација, како и сите други слични активности, рече градоначалникот Костадинов.