На денешната 46-та седница на Советот на општина Струмица беа усвоени повеќе одлуки и извештаи коишто се однесуваат на работата на Општината, општинската администрација, јавните претпријатија, училиштата и одлуки од областа на сообраќајот и урбанизмот. Меѓу нив, Одлуките за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња, за отстапување на опрема и инвентар на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица, во објектите на детските градинки во Куклиш и Муртино,
за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица, за поставување на туристички знаци и останата туристичка сигнализација, за поставување средства за смирување на сообраќајот, за промена на режимот на сообраќај на крстосница на булеварот „Ленинова“ со улицата „24-ти Октомври“, а усвоени беа и годишната сметка со финансов извештај на ЈПКД „Комуналец“ и основните и средните училишта и разрешени и именувани нови претставници во училишните одбори. На седницата беа усвоени и предлозите за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште и на Програмата изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година, а зелено светло од советниците доби и годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година.