Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети од невремето коешто се случи на 29.05.2022 година, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица.
Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 во општинската зграда или во електронска форма може да се преземе од веб страницата на општина Струмица.
Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице. Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.
Лица за контакт:
Ване Крстев – 078395279 –Претседател на Комисијата
Емилија Пандева – 078322954 – Член на Комисијата