На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, општина Струмица за прв пат ќе додели еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2022/23 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.
За остварување на ова право се поднесува БАРАЊЕ до Градоначалникот на општина Струмица, во периодот од 01.06.2022 до 30.09.2022 година. Со Барањето за остварување на еднократна парична помош за прваче се приложуваат следните документи (Листа на документи – ЛИНК):
- Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2022/2023 година, заверена од основното училиште од територијата на општина Струмица
- Копија од лични карти од родителите/старателите на првачето
- Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите
- Изјава за давање согласност за користење на лични податоци – ЛИНК
- Изјава за постојана адреса на живеење на територија на општина Струмица – ЛИНК
- Барање за еднократна парична помош за прваче – ЛИНК
Потребната документација да се достави до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при општина Струмица секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.