Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 6/19 и 29/19) Градоначалникот на општина Струмица, објавува
С О О П Ш Т Е Н И Е З А Ј А В Е Н П О В И К
Се организира јавна анкета и јавна презентација на Детален урбанистички план за дел од Блок 8, Општина Струмица, плански опфат помеѓу ул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“ и граница на зона со намени КО од ГУП за град Струмица (Граница на катастарска парцела 107/1), плански период 2024-2029. Просторот на планскиот опфат е ограничен со осовините на следните сообраќајници:
– на север по северната граница на КП 107/1 КО Струмица, односно по границата на зона со намена КО (комерцијални објекти) согласно Измена и дополна на ГУП за град Струмица,
– на исток по источната граница на КП 107/1 КО Струмица односно по границата на зона со намена КО (комерцијални објекти) согласно Измена и дополна на ГУП за град Струмица,
– на југ и се движи по оската на магистрална улица „Гоце Делчев“ се до пресек со оска на магистрална улица Климент Охридски и
– на запад по оска на улица Климент Охридски.
Површината на планскиот опфат изнесува 1,17ха.
Одлуката за организирање на јавната анкета и јавна презентација ќе биде објавена на огласната табла на Општина Струмица, во Секторот за урбанизам и комунални работи, на ВЕБ страницата на Општина Струмица, во Службен гласник на општина Струмица и во две јавни гласила.
Јавна анкета ќе трае од 19.05.2025 година до 19.06.2025 година.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на АРМ во Струмица, на ден 21.05.2025 година во 11:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Во прилог линк од документот соопштение ЛИНК
Во прилог линк од графички дел ЛИНК