Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, во Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, потпиша договори за два нови проекта од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Со проектот Струмица – Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча со уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување на просторот, заштитни зидови и огради на река Водочница, одмаралиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности. Со проект Петрич – Струмица ќе се подобри институционалната подготвеност на Терторијалната противпожарна единица при општина Струмица за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи преку набавка на современо повеќенаменско возило за реакција при пожари и поплави. Струмица е единствената македонска општина која доби два проекта од оваа програма во вкупна вредност од околу 450.000 евра.