Градот под Царевите кули блесна во новогодишен сјај најавувајќи го највеселиот и најубавиот период во годината – испраќањето на старата и пречекувањето на новата година.
Прва светна големата новогодишна елка поставена на градскиот плоштад, а на овој чин присуствуваа голем број деца и граѓани, а радоста и среќата со нив ја сподели и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.
Заедно го следеа светнувањето на елката коешто беше збогатено со пригодна програма за најмладите, посакувајќи си се најубаво и само убави и радосни моменти.
-Во периодот којшто доаѓа ќе имаме повеќе настани кои ќе ги опфаќаат сите категории на граѓани, а најмногу акцент ќе ставиме на младите бидејќи нивната радост и среќа ни значат на сите. Како и секоја година така и оваа посебен акцент ќе ставиме на Божиќниот концерт кој ќе биде добар настан за младите. Деновиве интензивно ќе продолжи украсувањето на градот и во најскоро време ќе бидеме комплетирани, изјави градоначалникот Петар Јанков.
Новогодишното украсување на градот годинава чини оомалку од лани и изнесува 3,5 милиони денари.


