Шестмесечен извештај на Систем 48 за период Јануари – Јуни 2024 година

Шестмесечен извештај на Систем 48 за период Јануари – Јуни 2024 година

Почитувани,

Во периодот  Јануари -Јуни 2024год,  во Систем 48 имаме пријавено вкупно 528 пријави, од кои решени и одговорени се 463 пријави. Останатите 65  се проследени до надлежните служби и се пријави  во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . Најголем број од пријавите доставени до Систем 48 во првите шест месеци од  2024 година, се од областа на улично осветлување -362, од областа на собирање смет -81, водовод и канализација -41,паркови и зеленило -29 , улици,патишта и тротоари –15 . Со овој извештај  би сакале уште еднаш да апелираме до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и моб.тел.076484848, за да можеме навремено да интервенираме и вооедно да ги решаваме пријавите доставени до Систем 48. Истовремено им благодариме на сите граѓани на Општина Струмица за користење на Систем 48.

Со почит,
Систем 48.