Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), како и потребата за реализација на донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024 година – Програма G1, Поддршка на ЛЕР , составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, бр 08-11072/1 од 28.12.2023 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно Одлуката за извршување на Буџетот за 2024 година, донесени на седница на Совет на општина Струмица одржана на 28.12.2023 година, бр 08-11038/1 од 28.12.2023 година и 08-11039/1 од 28.12.2023 година, ( „Службен гласник на општина Струмица бр 19/2023“), и во таа насока потребата од спроведување на поединечната постапка за реализација на АКТИВНОСТ БР. 4.Поддршка на проекти- проектни иницијативи од Граѓански организации за 2024 година, заради вклучување на граѓанскиот сектор во унапредување и зајакнување на животот на граѓаните во рамките на општинските приоритетни области, согласно спроведена интерна процедура во рамките на ЛОД Методологија прифатената од Советот на општина Струмица, соодветно на Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР, одобрен од Градоначалникот на општина Струмица, заверен во општинска архива под број 09-580/2 од 29.01. 2024 година, Градоначалникот на општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање предлог проекти од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2024 година во рамките на општинските стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина, заради искористување на планираните финансиски средства во Активноста бр 4 од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2024 година.
Потреба на јавен повик
Заради потребата од реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот во 2024, Програма Г1- Поддршка на ЛЕР, односно реализацијата на Активноста бр 4- Финансиска Поддршка на проекти- проектни иницијативи од Граѓански организации за 2024 година, составен дел на истата и во таа насока вклучување на Граѓанскиот сектор во процесот на реализација на дел од стратешките документи како општински политики во рамките на приоритетните стратешки области, се наметнува потребата Градоначалникот на општина Струмица во рамките на своите овластувања, преку надлежното Одд за ЛЕР, да спроведе јавна транспарентна постапка заради прибирање на проектни иницијативи, односно проекти од граѓански организации кои се компатабилни со стратешките документи односно стратешките области и одредените приоритети за 2024 година и во рамките на таа процедура да избере и финансиски подржи реализација на проекти кои со сигурност во 2024 година ќе придонесат за подобрување или надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Цел на јавниот повик
Планираните/предвидените финансиските средства АКТИВНОСТ БР. 4. Финансиска Поддршка на проекти- проектни иницијативи од Граѓански организации за 2024 година, заради унапредување на животот на граѓаните во локалната заедница, составен дел на Програма G1, Поддршка на ЛЕР како дел целокупната Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година во вкупна вредност од 3.500.000,00 денари ќе се доделуваат како финансиска поддршка на Здруженија на граѓани и Фондации исклучиво регистрирани на територија од Општина Струмица за реализација проекти во 2024 година.
Финансиските средства планирани за таа намена ќе се распределуваат согласно правилата и критериумите утврдени во ЛОД Методологијата, усвоената од Советот на општина Струмица!
Вредност на проектите кои ќе се финансираат
Согласно ЛОД Методологијата, усвоена од страна на Советот на општина Струмица на седницата одржана на 13.11.2019 година за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, највисокиот износ кој ќе се доделува за проекти е 250.000,00 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 60.000,00 денари. Вредноста на проетот (вредноста на финансиската поддршка) ќе биде утврдуван аналогно на освоените бодови соглесно критериумите за оценување составен дел на самата методологија!
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.
Подобност на подносител на проект(апликант)
- Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Република Северна Македонија;
– Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани на територија на Општина Струмица;
– Остварување на програмите и дејствувањето на Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија и во нивните програмски определби гореневедените приоритетни области да се во целост опфатени,
– Проектите со кои Здруженија на граѓани / фондации се јавуваат на јавниот повик мора да се имплементираат единствено на територија на Општина Струмица;
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките области и цели, односно соодветните Стратегиски развојни документи на Општина Струмица од 2022-26-28 година, како општински политики соодветно на приоритетните области за 2024 година дадени во јавниот повик, како и насоките за аплицирање на јавниот повик за 2024 година.
– Предлог проектите да бидат изработени и доставени на начин дадено во упатството со насоките и обрасците (формуларите) составен дел на јавниот повик;
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот, согласно образецот за Буџет на проектот;
– Во апликативните докумети (Апликативниот образец/пријавата и Буџетот на проектот) задолжително е прикажување на кофинансирање(сопствено учество) од страна на апликантот во износ од најмалку 10% од побараната општинска поддршка;
Важно!
- Организацијата која има намера да аплицира на Јавниот повик за 2024 година, може да се јави како самостоен апликант, регистрирана како организација на територија на Општина Струмица и како апликант со друга партнер организација регистрирана на територија на Општина Струмица.
- Организацијата која аплицира на Јавниот повик за 2024 година во партнерство со друга организација ќе има предност во процесот на евалуација пред другите организации кои аплицирале како самостојни апликанти.
- Организацијата која се јавува како апликант на Јавниот повик 2024 година не смее да се јави како партнер на друг проект од друга организација(апликант) на истиот повик, односно партнер организацијата која веќе се јавува како партнер на проект на Јавниот повик за 2024 година не смее да се јави како самостоен апликант или партнер на друг проект.
- Двете организации кои се јавуваат со заеднички проект на Јавниот повик за 2024 година без разлика дали се јавуваат како апликант или партнер организацијата во истиот проект ја имаат истата важност пред општината и нивната проектна апликација ќе има предност во процесот на евалуација пред другите апликации од организации кои се јавуваат како самостојни апликанти на истиот Јавен повик.
- Апликантите кои се јавуваат на Јавниот повик за 2024 година, а во предходните две години не се финансиски поддржани од општината во рамките на предходните јавни повици или на било кој друг начин од Буџетот на општината, ќе имаат предност пред другите апликанти кои во предходните две години биле поддржани финансиски од општината, се разбира доколку ги задоволат останатите критериуми во јавниот повик- во рамките на поднесената целокупна пректна документација.
- Апликации, односно Предлог проекти со прикажано сопствено учество (сопствени финансиски средства или финансиски или материјални средства обезбедени како донација од општествено одговорни компании, за кои е приложен и соодветен доказ ќе се земат во предвид како предност во процесот на евалуација – оценување)
- Предлог проектите (реализацијата) треба да биде планирана во рамките на 5 месечен период на имплементација (август-декември , 2024 година).
Важна напомена!
- Апликантите (граѓанските организации) кои беа финансиски подддржани во предходната 2023 година од страна на општината а не беа спремни (не презентираа докази за реализација на проектите, односно соодветно не ги презентираа резултатите и достигнувањата од реализацијата на завршниот зеднички настан, односно не поднесоа до општината завршни извештаи за реализација на проектите од 2023 година, немаат право на учество на овој јавен повик!
- Доколку на Јавниот повик се појават такви апликации од граѓански организации, Комисијата задолжена за спроведување на јавниот повик во старт ги елиминира од понатамошниот процес на евалуација!
Времетраење на реализацијата на проектите
Предлог Проектите со кои Грашанските организации аплицираат на јавниот повик за 2024 година, исклучиво мора да бидат со времетраење од 5 месеци.
Проектите мора да се спроведат во периодот од август 2024 до декември 2024 година (со отстапки од оправдани причини по претходно поднесено барање за продолжување на рокот за завршување на проектот до Општина Струмица, доколку за тоа постојат оправдани причини), односно:
- Планиран термин за започнување на реализација на активностите од проектите е: одма по потпишувањето на договорот за финансиска поддршка со општината, а да завршат со последниот ден од времeтраењето, односно со завршувањето на целиот циклус;
- Поднесувањето на комплетните завршни наративни и финансиски извештаи е 30 дена после завршувањето на проектот со евентуални отстапки во услови предизвикани од Виша сила, по претходно поденсено писмено барање за продолжување до општината, со наведени причини за потребата од продолжување!
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Основни документи-задолжителни:
Покрај пријавата(Предлог проект) како Анекс бр. 1, од Здруженијата на граѓани / Фондации пополнета со печатни букви во кирилично писмо, потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, изработена соодветно на даденото упатство и насоки, составен дел на јавниот повик, апликантот во прилог на истата задолжително треба да ги достави следниве прилози-анекси:
Анекс 2 Преглед на буџетот и план за трошоци
Анекс 3 Логичка рамка
Анекс 4 План на активности и видливост
Посебни документи-задолжителни:
Анекс 5 Формулар со административни податоци за подносителот
Анекс 6 Формулар со финансиски податоци за подносителот
Анекс 7 Изјава за подобност
Анекс 8 Листа за проверка
Како и дополнителни документи-задолжителни:
- Тековна состојба на здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;
- Копија од важечка потврда/решение за регистрација на здружението на граѓани /фондација во земјата (за носителот на проектот/подносителот и евентуални партнери),
- Копија од статутот на здружението на граѓани / фондација (подносителот и партнерите),
- Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител, освен доколку здружението на граѓани / фондација е основана во тековната година,
- Профил на здружението на граѓани / фондација
- Годишна програма на активности за 2024 година со референтна листа на реализрани пректи на здружението од претходните години(финансирани од Општина Струмица и од други извори на финансирање);
Напомена!
- Пријавата со прилозите се достапни и може да се превземат од веб страницата на Општина Струмица (strumica.gov.mk) во работна верзија! Документите се доставуваат во запечатен пакет во состав два идентични примероци на комплетната докуметација-основни и дополнителни документи во хартиена форма и еден примерок со сета комплетна документација во електронска форма(CD или USB).
Начин на достава на Проектната документација
Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат како „пакет“ кој содржи две (2) целосни и идентични печатени копии на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB), по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, во општинската архива на следната адреса:
Општина Струмица
Улица: „Сандо Масев“ бр 1, 2400 Струмица
Напомена:
За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот.
На предната страна на пликот Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Назнака „ ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлог проекти од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2024 година во рамките на општинските стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина за 2024 година
Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е 30 (триесет дена) , сметан и денот на објавување на јавниот повик на општинската веб страница!
Апликациите кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.
Апликациите кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.
Општината ќе води евиденција за сите примени предлог проекти и ќе издаде релевантна потврда за прием.
Пред да се поднесе предлог проектот, подносителите треба да потврдат дали бараната документација/апликација е целосна преку пополнување на Листата за проверка (Анекс 8), која е составен дел на апликацијата.
Други важни информации
- Градоначалникот на општина Струмица, како дел од целокупната постапка/процедура ќе формира Комисија за спроведување на јавниот повик, односно Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, (со Решение ќе именува членови на Комисија за спроведување на Јавен повик) која во рок од 5 (пет) дена по објавувањето на јавниот повик ќе организра инфо ден;
- Комисија за спроведување на Јавниот повик, односно Комисијата за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, во рок од 15 дена по завршувањето на крајниот рок за пријавување во рамките на јасните и утврдени критериуми по ЛОД Методологијата ќе изврши евалуација и оценување и до Градоначалникот ќе достави Мислење со предлог бодовна листа на проекти од Граѓански организации кои ги исполнуваат критериумите за добивање на финансиска поддршка;
- По изготвената предлог бодовна листа со граѓански организации кои ги исполнуваат критериумите за добивање финансиска поддршка, Комисијата задолжена за спроведување на Јавниот повик за 2024 година, организира настан на која ќе бидат повикани сите потенцијални добитници на финансика поддршка да подготват презентации и поединечно да ги презентираат своите проекти(активности, начин на реализација и во таа насока очекувани резултати);
- Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за спроведување на Јавниот повик и извршените презентации, Градоначалникот на општина Струмица, ќе донесе Решение за избор на проекти финансирани од Програма G1, Поддршка на ЛЕР како дел целокупната Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година
- Во рок од 3 (три) дена од објавувањето на Решението за избор на партнер организацијата, објавено на официјалната веб страница на општината, Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи поединечни Договори за партнерска соработка со избраните граѓански организации-идни имплемнтатори на одобрените и прифатени проекти;
- Во рамките на склучените договори (содржината од договорите) со поединечните Граѓански организации, добитници на финансиската поддршка, ќе биде точно определен начинот на финансирање, односно искористување на доделените финансики срества. Тоа значи дека добиената финанска поддршка за реализација на проектите, општината поединечно на секоја организација ќе ја трансферира во две рати и тоа, првата транша во вредност од 50% од вкупната вредност на проектот кој се финансира ќе биде префрлена на посебна донаторска сметка на секоја организација потврдена со Решението за распределба на финансиски средства за поддршка на проекти од граѓански организаиции за 2024 година, донесено од Градоначалникот, најкасно 5 дена по потпишувањето на договорот а втората транша во вредност од 50% од вкупната вредност на проектот кој се финансира ќе биде префрлена по извршената проверка и изготвен записник од страна на Комисијата за спроведување на јавниот повик кај секоја поединечна организација, добитник на финансиската поддршка по истекот на првите два месеци од периодот на реализацијата на секој проект, односно поднесениот периодичен извештај(дво месечен).
Поточно! Комисијата ќе изврши проверка на целата документација од периодичниот извештај (наративен и финансов) и во таа насока директен увид на лице место во текот на самата реализација поединечно кај секоја организација по што ќе подготви записник во која ќе ги наведе констатираните состојби за секоја организација врз основа на кои на Градоначалникот ќе му предложи понатамошно финансирање или брање за поврат на првата транша!
- За Следењето на реализацијата на партнерската соработка за целиот период на имплемнтацијата ќе биде задолжена Комисијата за спроведување на Јавниот повик;
- По завршувањето на целокупната реализација на проектите и поднесената комплетна документација (завршен наративен и финансиски извештај), Комисијата ќе организра завршен настан на кој секоја поединечна организација пред Градоначалникот и пред поширката јавност ќе ги презентираат резултатите и достигнувањата од самата реализација на секој поединечен проект финансиран од општината!
Напомена!
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта по крајниот рок за аплицирање ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во рамките на официјалниот краен рок. Примената документација не се враќа!
За Јавниот повик за 2024 година определени се следните приоритетни области за Општина Струмица:
Приоритетни области на јавниот повик на кои апликантите исклучиво мора да се фокусираат во процот на креирање на своите предлог проекти
Приоритетните области утврдени во Стратешките документи на општината низ процесот на партиципативно креирање на општинските политики со учество на граѓаните и граѓанските организации како и сите останати релевантни чинители во локалната заедница усвоени од Советот на општина Струмица како општински политики се земаат во предвид како општински приоритети врз основа на кои е дадена оваа можност за развивање на проектни иницијативи од граѓански организации и во таа насока нивно прибирање и финансирање во рамките на Јавниот повик за 2024 година.
Предлог проектите кои ќе бидат поднесени во рамките на јавниот повик треба да придонесат кон унапредување на животот на граѓаните, односно подобрување и унпаредување на општествените текови во локалната заедница како дел од оствaрувањето на една или повеќе приоритетни цели –приоритети на општина Струмица.
За овој јавен повик, приоритетни области за општина Струмица за 2024 година се:
- Зајакнување на Локалниот економски развој и туризамот во Општина Струмица низ.
- ПРИДОНЕС ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНО НИВО НА СИТЕ НИВОА (области кои директно влијаат врз напредокот, односно економскиот развој и туризмот во градот, особено населените места- селата)
- УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ
- Заштита на животна средина
- ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ИДНИНАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА (на сите нивоа и во сите сегменти во градот и населените места-селата)
ВО ПРИЛОГ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
ОБРАЗЕЦ ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ 2024 ГОДИНА
ПРАВИЛА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗА 2024 ГОДИНА УСОГЛАСЕНИ СПРЕМА ЛОД – G1
НАСОКИ ЗА 2024 ГОДИНА ЗА ЈАВЕН ПОВИК G1
ОБРАЗЕЦ ЗА ПЛАН НА АКТИВНОСТИ И ВИДЛИВОСТИ ЗА 2024 ГОДИНА
ФОРМУЛАР СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПОДАТОЦИ
ФОРМУЛАР СО ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ