Јавен повик за надмината возраст

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19),  а во врска со одредбите од Правилникот за финансиска поддршка за деца со надмината возраст во една наставна година бр.08-4880/1 („Службен гласник на општина Струмица, бр. 10/2022), Градоначалникот на Општина Струмица објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за

 добивање финансиска поддршка во износ од  9000 денари за 20 деца  со надмината возраст, запишани во општинско основно училиште на територијата на општина Струмица во наставната 2023/24 година

 

I.УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

1.Финансиска поддршка во износ од 9.000 денари во наставната 2023/24 година може да добие родител на дете родено 2014 и 2015 година, кое ја надминало возрасната граница за запишување во прво одделение и до денот на запишувањето воопшто не посетувало основно училиште најмалку две години по возраста со која требало да биде запишан, но не надминува повеќе од 10 години возраст за запишување во прво одделение.

2.Финансиска поддршка во износ од 9.000 денари во наставната 2023/24 година може да добие родител на ученик кој посетувал основно училиште, но го напуштил основното училиште предвреме и ја надминал возрасната граница за следење редовна настава од четврто до шесто одделение, но да нема повеќе од 15 години возраст на денот на повторното запишување во основно училиште.

Предност за добивање на финансиска поддршка ќе имаат кандидатите кои се корисници на социјална помош/образовен додаток и семејства со поголем број на членови.

II.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За добивање на финансиската поддршка од 9.000 денари во една наставна година потребно е  да се достават следните документи:

-барање за финансиска поддршка (во прилог образец),

-потврда од основно училиште на територијата на општина Струмица дека детето-ученикот е запишан во училиштето со надмината возрасна граница,

-изјава за семејна положба (во прилог образец),

-фотокопија од лична карта на еден од родителите/старателите,

-изјава за обработка и користење на лични податоци (во прилог образец),

-изјава од родител/старател дека доставените документи се вистинити (во прилог образец),

-потврда издадена од Центарот за социјални работи-Струмица, доколку семејството е корисник на социјална помош/образовен додаток.

III.РОК  И МЕСТО ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ

Јавниот повик трае 15 дена од денот на објавувањето.

Барањата со потребните документи, се доставуваат на адреса: општина Струмица, улица „Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица,  лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта, со дознака до Комисија за доделување на финансиска поддршка за деца со надмината возрасна граница и назнака „НЕ ОТВАРАЈ“.

Барањата доставени по истекот на рокот наведен во јавниот повик нема да бидат земени во предвид.

По завршувањето на јавниот повик, родителите-старателите кои доставиле барање согласно критериумите и условите од јавниот повик, ќе бидат известени најдоцна во рок од 10 дена од денот на завршувањето на јавниот повик.

Градоначалник на ОПШТИНА СТРУМИЦА
                                                                              Костадин Костадинов

 

 

Во прилог линк барање за надмината возраст ЛИНК

Во прилог линк изјава за давање согласност за користење на податоци ЛИНК

Во прилог линк изјава за лични податоци ЛИНК

Во прилог линк изјава за точност на податоци ЛИНК