Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), како и Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година, Бр.08-10314/1 од 29.12.2022, Градоначалникот на општина Струмица објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање предлог проекти/активности од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица од областа на Социјална заштита во рамките на нивните годишни програми за 2023 година.
Предмет на јавниот повик
Планираните/предвидените финансиските средства дел од Активноста бр 6 од V2 Програмата за Социјална заштита, составен дел на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Социјалната заштита и заштитата на децата во 2023 година од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година, ќе се доделуваат како финансиска поддршка на Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за реализација на два проекти, односно проектни активности од областа на Социјалната заштита соодветни на нивните годишни програми на делување за 2023 година.
Финансиските средства планирани за таа намена ќе се распределуваат согласно Усвоената од Советот на Општина Струмица, ЛОД Методологија!
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои програми се определуваат Здруженијата на граѓани и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.
Вредност на проектите кои ќе се финансираат
Согласно ЛОД Методологијата за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, усвоена од Советот на општина Струмица, највисокиoт износ кој ќе се доделува за проекти е 250.000,00 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 60.000,00 денари
Подобност на подносител на проект(апликант)
-
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Република Северна Македонија;
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани на територија на Општина Струмица;
– Остварување на програмите и дејствувањето на Здруженијата и фондациите кои се јавуват на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија,
– Програмите со кои Здруженијата и фондациите се јавуваат на јавниот повик да се имплемeнтираат/реализират единствено на територија на Општина Струмица;
-
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог проектите/проектните активности од Годишните Програми на Здруженијата на граѓани или фондации кои се јавуват на Јавниот повик да кореспондираат со приоритетните стратешки определби и политики на Општина Струмица во областа на Социјалната заштита за 2023 година;
– Предлог проектите/проектните активности да бидат изработени и доставени на начин дадено во упатството со насоките и обрасците (формуларите) составен дел на јавниот повик;
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во Упатството, односно согласно основните документи (Апликативниот образец/Пријавата, Логичката рамка, Планот на активностите/видливост-промовирање на проектот и Образецот за Буџет на проектот), составни делови на апликацијата;
– Во апликативните докумети (Апликативниот образец/пријавата и Буџетот на проектот) задолжително е прикажување на кофинансирање(сопствено учество) од страна на апликантот во износ од најмалку 10% од побараната општинска поддршка;
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на Јавниот повик како апликанти може да настапуваат самостојно или да вклучат и други организации како соработници/партнери исклучиво од Општина Струмица (таквите апликации ќе имаат предност);
Времетраење на реализацијата на проектните активности
Реализацијата на проектите/проектните активности мора да бидат со времетраење од 6 месеци.
-
Проектните активности мора да се спроведат во рамките на шест месечен период(согласно планот на активности на проектот) сметано од денот на потпишување на договорот со општината, односно со отстапки по претходно поднесено писмено барање до општината, со образложение за причината.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Апликантите кои се јавуваат на јавиот повик мора да достават комплетна документација!
Основни документи:
Анекс 1 : Пријава-Апликативен образец
Анекс 2: Преглед на буџет/ Образец за преглед на буџет на проект-проектни активности
Анекс 3: Логичка рамка
Анекс 4: План на активности и видливост/промоција
Анекс 5: Формулар со административни податоци за подносителот
Анекс 6: Формулар со финансиски податоци за подносителот
Анекс 7: Изјава за подобност
Анекс 8: Листа за проверка
Напомена!
Во прилог на Јавниот повик, објавен на веб страницата на Општина Струмица (www.strumica.gov.mk) основните документи се достапни и истите може да се превземат во работна верзија! Документите се пополнуваат согласно Упатството исто така достапно како прилог на Јавниот повик. Истите, целосно пополнети, потпишани од страна на Претседателот на здружението, заверени со печат и штембил на организацијата, апликаните во рамките на целокупната документација како поднесок ги доставуваат во два идентични примероци во хартиена форма и еден примерок во електронска форма(CD или USB) до општината.
Задолжителните дополнителни документи:
-
Тековна состојба на здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;
-
Копија од важечка потврда/решение за регистрација на здружението на граѓани /фондација во земјата (за носителот на проектот/подносителот и евентуални партнери),
-
Копија од статутот на здружението на граѓани / фондација (подносителот и партнерите),
-
Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител, освен доколку здружението на граѓани / фондација е основана во тековната година,
-
Профил на здружението на граѓани / фондација со листа на реализирани проекти во предходните години,
-
Годишна програма на активности за 2023 година;
Начин на достава на Проектната документација
Целокупнара документација (основните документи и задолжителните дополнителни документи) во два оригинални примерока во печатена форма и еден во електронска форма на CD или USB спакувани во еден пакет, како поднесок се доставуваат на рака или по пошта во Архива на општина Струмица, на следнава адреса:
Општина Струмица
Адреса: ул. „Сандо Масев“ бр.1,
2400 Струмица
Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е триесет (30)дена, сметан и денот на објавување на јавниот повик!
Напомена:
За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот, во рок од 30(триесет) дена, сметан и денот на објавување на Јавниот повик.
На предната страна на пликот Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои:
Општина Струмица
Адреса: ул. „Сандо Масев“ бр.1,
2400 Струмица
Назнака „ ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлог проекти/активности од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица од областа на Социјалната заштита во рамките на нивните годишни програми за 2023 година“.
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на утврдениот рок за аплицирање нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта после утврдениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој не е покасно од утврдениот краен рок. Примената документација не се враќа!
Важна напомена!
Организациите кои по било кој друг основ користат финансиска поддршка од општината за 2023 година, немаат право да се јават на Јавниот повик како апликанти!
Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица
Тел:034/340 224.
mail: toni.milusev@strumica.gov.mk
Изработила:Теодора.Ѓоргиева./Сектор Лер_____
Контролирал: Тони.Милушев./Сектор Лер_______
Одобрил: Никола.Годев./Сектор Лер___________
ГРАДОНАЧАЛНИК на
ОПШТИНА СТРУМИЦА
Костадин Костадинов