Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов ја привршува неколкудневната посета на Италија во рамки на која реализираше неколку средби во насока на воспоставување соработка со градот Венеција. Дел од тие средби беше и со претседателката на советот на Венеција Ермелинда Дамиано со која се разговараше за повеќе аспекти и можности за соработка помеѓу Струмица и Венеција, како и отпочнување постапка за збратимување. Една од многуте точки за соработка е и онаа помегу карневалите во Венеција и Струмица. Ова е уште едно успешно поглавје за афирмација на нашата општина во меѓународни рамки. Градоначалникот Костадинов е оптимист дека соработката ќе резултира со збратимување помеѓу двата града.