Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина ( ,,Сл. весник на РМ” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и ,,Сл.весник на РСМ” бр. 89/22 и 171/22), Градоначалникот на Општина Струмица, на ден 04.05.2023 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1. За Локална урбанистичка планска документација со намена А4 – времено сместување на КП 3697/1, КП 3696/1, КП 3701, КП 3702, КП 3703, КП 3704, КП 3705, КП 3706, КП 3707 и КП 3708 КО Куклиш – вон г.р, општина Струмица која се носи согласно Закон за урбанистичко планирање ( ,,Сл.весник на РСМ” бр. 32/20) со технички број 03-107/2021 и Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2020 година бр. 09-2943/2 од 26.05.2020 година не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица www.strumica.gov.mk.

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за намена А4 – времено сместување на КП 3697/1, КП 3696/1, КП 3701, КП 3702, КП 3703, КП 3704, КП 3705, КП 3706, КП 3707 и КП 3708 КО Куклиш – вон г.р, општина Струмица, согласно Законот за урбанистичко планирање, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Влијанието врз населението и човековото здравје е минимално и занемарливо. Влијанието врз квалитетот на амбиенталниот воздух, влијанието врз квалитетот на површинските и подземните води, влијанието врз почвата, влијанието поврзано со управување со отпад се исто така минимални и занемарливи. Позитивни влијанија ќе има врз социо-економската состојба на населението преку вработување и економска благосостојба.

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерот за животна средина и просторно планирањево рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната на општината.

ФОРМУЛАР:

ГРАДОНАЧАЛНИК

НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Костадин Костадинов