Општина Струмица организира акција за чистење на отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Струмица организира акција за чистење на отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД
Општина Струмица организира и поддржува акции кои ја прават чиста и убава. Ама ајде тоа да го правиме заедно, така повеќе ќе успееме.
Затоа ве покануваме утре 12.05.2023 (петок) со почеток во 09.00 часот да се приклучите на акцијата за чистење на отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД
Локацијата каде ќе се одвива чистењето се две:
1️⃣ Патот кој води од лозињата па се местотo Чам Чифлик.
2️⃣ Околу Градски стадион односно ул.Цветан Димов.
Почеток на акцијата е 09 часот и на двете локации.
Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.
Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од четириесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.