Центарот на заедницата на општина Струмица, како дел од годишниот план за 2016 г. имаше предвидено изработка на двојазична брошура (македонски и англиски јазик) за активностите на граѓанскиот сектор во периодот јуни-декември 2015 година, а се однесува на проектите и активностите финансирани од Општина Струмица, како дел од годишниот јавен повик за финансирање на проектни идеи од областите ЛЕР и социјална заштита за 2015 година. Изработката на брошурата е поврзана и со стратешките документи на Општина Струмица, и тоа со Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 г., а е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Документот може да го преземете овде: broshura-za-grantirani-proekti-od-opshtina-strumitsa-za-2015-g