Почитувани колеги – здравствени работници од општина Струмица,
Секоја година 7.април се одбележува како Светски ден на здравјето и здравствените работници, но годинава, како никогаш досега, овој ден немал толку големо значење и „тежина“.
Целиот свет соочен со големото зло наречено Ковид 19 ја препозна вистинската потреба и значењето на најхуманата професија. Бидете горди на таа ваша професија, бидете истрајни во предизвикот за чување и унапредување на здравјето на граѓаните, но чувајте го и своето здравје, затоа што и вие сте луѓе. Бидете на висина на работните задачи и чувајте го достоинството на вашиот животен повик.
Горд сум на Вас и горд сум што сум дел од Вас.
Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на здравјето и здравствените работници.
Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на здравјето и здравствените работници.