Денот на градот одбележан со спортски натпревари со ученици од училиштата од општина Струмица

Денот на градот одбележан со спортски натпревари со ученици од училиштата од општина Струмица

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа со спортски натпревари. Во конкуренција на средни училишта, првото место во баскет го освои екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во конкуренција на основни училишта, првото место во кошарка го освои ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. За најдобар играч беше прогласен ученикот Ненад Петров.