Со свечена и духовно возвишена атмосфера, и оваа година беше одбележана традиционалната литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, во саботата од Светлата седмица.
Поворката се движеше низ градските улици – од храмот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, преку градскиот плоштад, сè до црквата „Свети Димитриј и Григориј Палама“, обединувајќи ги граѓаните во духот на молитвата и заедништвото.
Нека овие празнични денови донесат мир, здравје и благосостојба во секој дом.

