Општина Струмица заедно со ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица континуирано спроведуваат активности за превенција од ширење на корона вирусот.
Вработените во одделението „Комунална хигиена“ на „Комуналец “ денеска започнаа и со дезинфекција и поправка на сите метални контејнери и дезинфекција на местата каде што се поставени. Истовремено, продолжува и дезинфекцијата на улиците, тротоарите и пешачките зони.
Апелираме до граѓаните, во овие вонредни околности, да покажат поголема одговорност и сметот да го депонираат исклучиво во контејнерите и да ги почитуваат сите мерки и препораки на општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија.