Доделена високата награда на ФКТ „Ристо Шишков“

Синоќа во просториите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ја додели наградата за високо актерско достигнување, Ристо Шишков, на овогодинешниот добитник Дејан Лилиќ. Со ова и официјално се симна завесата на 14 меѓународен фестивал на камерен театар.