Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Заменик Постојаниот Претставник на UNDP во Р. Македонија, Норимаса Шимомура ја пуштија во употреба реконструираната Општинска библиотека “Благој Јанков Мучето”. Со реализацијата на проектот “Пријателски библиотеки за сите граѓани” граѓаните на Општина Струмица добија реконструирана и најсовремено опремена библиотека.