Движно културно наследство
Движно културно наследство
Во Струмица и струмичко низ вековите се стварало обемно творештво на ликовни дела чии што вредности упатуваат на извесни подеми и кризи во творечка смисла. Духовно-уметничките творби, почетоците и развојните етапи во иконописното творештво, ни ги дава црковната уметност од повеќе цркви во Струмица и струмицачко. Една од најстарите икони од овој крај е Св. Богородица Одигитрија од XV век, од црквата Св. Богородица Елеуса, Велјуса.
Провизантиското сликарство, а особено западно-европските стилски струења, кои се рефлектираат и во оваа средина, наогаат свое место и во голем број иконописни дела.
Зоографите кои потекнуваат од овој регион и чие што ликовно дело е присутно не само во Македонија, туку и надвор од неа, укажуваат дека Струмица како еден од поразвиените духовни центри во Македонија и во XIX век имал можности не само да прима туку и да рефлектира вредности, чија теолошка и естетска конотација е особено значајна.
Во оваа смисла се мисли на творештвото на некулкуте мајстори од овој регион, Григориј Пецанов, Васил Ѓорѓиев и Ѓорѓи Вељанов, неоспорувајќи ги творечките дострели на мајсторите дојдени од другите средини.
Оваа збирка на икони, составена од шеесетина дела, претставува драгоцена колекција ма стилски и духовно-естетски вредности, кои и даваат посебен белег, особено заради фактот дека остварените сликарски изрази во себе содржат и автохтони креации на зоографите