Соопштение за невремето во општина Струмица

Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети од невремето коешто се случи на 29.05.2022 година, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица.

Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 во општинската зграда или во електронска форма може да се преземе од веб страницата на општина Струмица.

ЛИНК – барање (.doc) 

ЛИНК – барање (.pdf)

Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и  Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице. Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.

Лица за контакт:

Ване Крстев – 078395279 –Претседател на Комисијата

Емилија Пандева – 078322954 – Член на Комисијата