Градоначалникот Јаневски и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј ги посетија „Грозд“ и Единство“

Градоначалникот Јаневски и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј ги посетија „Грозд“ и Единство“

Струмичкото стопанство и неговите можности, беше една од темите на разговорите што градоначалникот Коста Јаневски ги водеше со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј и нејзините соработници, а во рамките на дводневната посета на општина Струмица.

 

 

Во придружба на претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината, Александар Оџаков со амбасадорката Галовеј ги посетија производствените капацитети на „Грозд“ и „Единство“ кадешто гостите се запознаа со процесот на производство. Гостите од Амбасадата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска ги посетија и манастирите во Водоча и Вељуса.