На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов ќе се поттикнуваат и наградуваат граѓаните за уредување на дворните места пред колективните станбени згради.
Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место на територијата на општина Струмица за 2022 година започнува од денес и ќе трае до 31.05.2022.
Право на учество имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општина Струмица и коишто имаат формирано куќен совет.
За докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети барателот до општина Струмица треба да достави:
Решение за формирање на куќен совет
Фотокопија од трансакциска сметка на барателот
Пријава за учество во конкурсот
Наградниот фонд за Јавниот повик/конкурс изнесува вкупно 350.000,00 денари.
Прво место 200.000,00 денари
Второ место 100.000,00 денари
Трето место 50.000,00 денари
Целосната содржина на јавниот повик и пријава може да превземете од следниве линкови: