Јавен повик, конкурс за најдобро уредено колективно/станбено дворно место

Јавен повик, конкурс за најдобро уредено колективно/станбено дворно место

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов ќе се поттикнуваат и наградуваат граѓаните за уредување на дворните места пред колективните станбени згради.

Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место на територијата на општина Струмица за 2022 година започнува од денес и ќе трае до 31.05.2022.

Право на учество имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општина Струмица и коишто имаат формирано куќен совет.

За докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети барателот до општина Струмица треба да достави:

Решение за формирање на куќен совет
Фотокопија од трансакциска сметка на барателот
Пријава за учество во конкурсот

Наградниот фонд за Јавниот повик/конкурс изнесува вкупно 350.000,00 денари.
Прво место 200.000,00 денари
Второ место 100.000,00 денари
Трето место 50.000,00 денари

Целосната содржина на јавниот повик и пријава може да превземете од следниве линкови:

  1. Јавен повик – линк
  2. Пријава за јавен повик – линк