Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица

Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица

Во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2027 година во населените места во Општина Струмица, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети, да поднесат Барање, до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од соба 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страна. Секое Барање, потребно е да биде поднесено со комплетна документација и тоа:

– Имотен лист на име на Барателот (не постар од 6 месеци), Договор за закуп (доколку постои право на закуп) или Решение за  оставинска постапка.

– Изјава заверена на Нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија.

– Копија од лична карта и трансакциска сметка од Барателот.

– Оштетено/уништеното – ако е објект мора да го има  запишано во Имотен лист, ако е земјоделско земјиште во Имотен лист мора да е запишано како нива, ако станува збор за овоштарник во Имотен лист треба да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.

Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.

Во прилог линк преземи БАРАЊЕ ЛИНК
Во прилог линк преземи ИЗЈАВА ЛИНК

 

Лица за контакт:
Игор Милев – 076-483-443
Емилија Пандева – 078-322-954