ЈП ,,Паркиралишта”

Home / ЈП ,,Паркиралишта”

ЈП ,,Паркиралишта”

Современиот начин на живот предизвикува динамично темпо на функционирање во сите сфери на општественото живеење. Поголемата економска развиеност бара осовременување и проширување на капацитетите на движење а со тоа и зголемување на потребите на корисниците на сите услуги. Паркирањето и движењето низ главните сообраќајници во градот Струмица претставува проблем кој влијае на сите учесници во сообраќајот. Возачите минуваат многу време во потрага по паркинг место, а пешаците неможат слободно да движат заради метежот предизвикан од возилата и узурпираноста на дел од тротоарите. Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори “Паркиралишта Струмица” – Струмица е основано во 2008 година со цел на системски начин да се реши проблемот со паркирањето на моторните возила во градот Струмица со определување и уредување на паркинг места и паркиралишта, а со тоа да придонесе за подобрување на комуналниот ред во градот. Дополнително од 2013та год. претпријатието ги превзеде и надлежностите во делот на одржување на уличното осветлување, што подразбира вршење на работите за функционирање и споведување на координативно стручна функција во насока на моделирање и зајакнување на системот на услуги на јавното осветлување.

Струмица како град го достигнува својот максимум во економскиот и технолошкиот развој, а со тоа се наметнува и потребата на решавање на веќе идентификуваниот проблем со проточноста и нормалното одвивање на сообраќајот. По теркот на многу современи европски метрополи кои го имаат воспоставено системот на ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, основна наша цел е да се воведе организација на сообраќајот во мирување, како и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот…

Контакт:

tel:+38971235123
parkiralista_strumica@yahoo.com

Веб-страна: https://strumicaparking.mk/