Семејствата кои имаат дете што за прв пат ќе се запише во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година, ќе добијат еднократна парична помош во износ од 2.000 денари. Оваа мерка е донесена по иницијатива на градоначалникот Петар Јанков.
Право на користење на оваа помош имаат семејствата со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица.
За остварување на правото, потребно е да се поднесе Барање до Градоначалникот, заедно со потребната документација.
Потребни документи:
– Потврда за запишување во прво одделение за прв пат во учебната 2026/2027 година, заверена од основното училиште на територијата на Општина Струмица
– Копија од извод од матична книга на родени за детето
– Копија од лични карти на двајцата родители/старатели
– Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите
– Изјава за давање согласност за користење на лични податоци
– Барање за еднократна парична помош за прваче
Во прилог линк од Изјава за согласност за користење на лични податоци ЛИНК
Во прилог линк од Барање за еднократна парична помош за прваче ЛИНК
Во прилог линк од Одлука ЛИНК
Целосната документација се поднесува до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при Општина Струмица, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот
