ЈАВЕН ПОВИК за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.202/24 ) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“, бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска Одлуката за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 25.12.2024 со архивски број 08-9759/1, Одлуката за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 25.12.2024 со архивски број 08-9760/1 и Одлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 28.01.2025 година со архивски број 08-557/1, Градоначалникот на општина Струмица објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н      П  О В И К

за

пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства

 во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица

 

1.Правото на партиципација во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или кои освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство се невработени лица кои живеат на територија на oпштина Струмица.

2.Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување од плаќање надомест за престој на своите деца во тековната 2025 година, започнувајќи од 01.01.2025 до 31.12.2025 година се родителите на деца кои престојуваат  во  ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, доколку:

-Eден од родителот е починат;

-Eден од родителот е непознат;

-Детето е од разведен брак.

 

3.Згрижувачки семејства кои имаат право на ослободување од плаќање надомест за престој на згрижените деца во тековната 2025 година, започнувајќи од 01.01.2025 до 31.12.2025 година се згрижувачки семејства на деца кои престојуваат  во  ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, доколку :

– Носителот на згрижувачкото семејство се има  стекнато со статус на згрижувачко семејство.

4.Подносителот на пријавата – самохран родител кој ги исполнува горенаведените критериуми, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈОУГД „Детска радост„ Струмица  и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица треба да ги приложи следните документи:

-Пријава за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица)

– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата;

– Потврда за остварени приходи од плата на самохраниот родител за последните три месеци;

-Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;

-Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето;

-Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени;

-Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак;

5.Подносителот на пријавата – носител на згрижувачко семејство кој го исполнува горенаведениот критериум, за остварување на правото за ослободување од плаќање надомест за престој на згрижувачки деца во ЈОУГД „Детска радост„ Струмица  и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица треба да ги приложи следните документи:

– Пријава за пројавување интерес согласно Одлуката за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица);

-Решение за стекнување со статус на згрижувачко семејство;

– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата;

– Потврда за остварени приходи од плата на носителот на згрижувачко семејство за последните три месеци;

-Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;

Изборот на кандидати кои ги исполнуваат условите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струмица;

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето.

 

Во прилог линк од пријава за пројавување интерес согласно одлука Ослободување на плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ Виножито Струмица  ЛИНК

Во прилог линк од пријава за пројавување интерес согласно Одлука за ослободување од  плаќање надомест за престој на деца згрижени во  згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ Виножито Струмица за 2025 година  ЛИНК

 

 

За да бидат прифатени пријавите, целокупната документација е потребно да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично во архивата на Општина Струмица, во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и „ЈОУДГ Виножито“ Струмица, или Јавен повик  за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица во работни денови од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол освен горенаведеното да стои и: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр. 1

Лице за контакт:

Софија Гарванлиева Митева

е-маел sofija.garvanlieva@strumica.gov.mk

                                                                                               

                                                                                               Општина Струмица
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                             Костадин Костадинов