ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2024 година

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2024 година

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со проектот „Субвенционирање за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),“ и согласно Програма за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година Бр.09 – 11063/1 од 28.12.2023 година објавена во Службен гласник бр.19/23, Градоначалникот на Општина Струмица, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица
 за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2024 година
  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Струмица, со цел да ги стимулира жителите на градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло) во Република Северна Македонија, во периодот од денот на објавувањето на јавниот повик се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но и не подоцна од 30 дена на објавувањето.

1.2. Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот или велосипедот со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани на дневна основа по принципот прв дојден прв услужен се со цел граѓаните да бидат навремено информирани за исцрпување на предвидените средства.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица, кои ќе купат нов велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), во Република Северна Македонија од денот на објавувањето на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 30 дена од објавувањето на јавникот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

2.2 Вработените со потесното семејство во Општина Струмица и петте јавни претпријатија ЈПКД Комуналец, Струмица Гас, Стационар Лана, ЈП Паркиралишта и ЈП Транспорт немаат право на учество на Јавниот повик.

2.3 Лицата кои имаат искористено/добиено парични средства за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2020, 2021 и 2022 и 2023 година немаат право на учество.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Струмица,
  • да нема искористено субвенција за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), од Општина Струмица,
  • новиот велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), да е купен во Република Северна Македонија сметано од денот на објавувањето на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик,

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Општина Струмица треба да достави:

  • Пополнето Барање за субвенција за купување на еден велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), ( Барањето може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Струмица: www.strumica.gov.mk),
  • доказ за жителство во Општина Струмица, со доставување копија на важечка лична карта или пасош на барателот,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • Доказ дека е извршено купување и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод издадена во Република Северна Македонија, од денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 30 дена, од денот на објавување на јавниот повик.
  • Изјава ( примерок од изјавата може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет страницата на Општината strumica.gov.mk со која барателот под материјална и кривична одговорност ќе потврди дека до сега нема добиено финансиски средства за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),од Општина Струмица.

4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),.

4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), во 2024 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до Општина Струмица, преку Архивата на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр 1, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), во 2024 година “ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.

4.5. Архивата на Општина Струмица примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),  во 2024 година.

5.2. Општина Струмица, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30 дена од објавување на јавниот повик.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања.

5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства пред истекот на датумот до кој е предвидено да трае јавниот повик, Општина Струмица ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страница.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе Решение за исплата на средствата.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

(1) Градоначалникот на Општина Струмица врз основа на предлогот на комисијата носи Решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),.

  • Комисијата ќе ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.

Во прилог документи:

Барање за велосипеди

Изјава за велосипеди

 

 

 

 

 

 

                                                                     Градоначалник на Општина Струмица

                                                                                     Костадин Костадинов